Oдгледување на сончоглед

          Сончоглед ( Helianthus annuus ), едногодишно растение чие име потекнува од големите цветови со дијаметар од 15 до 45 см  и облик  во форма на сонце, растение со многу специфична навика да цветовите се вртат кон сонцето. Пренесен од Америка во Европа во 16 век, оваа култура денес е една од нај одгледуваните за происзводство на сончогледово масло кое е едно од нај распространетите рафинирани масла за јадење. Денес се одгледува на големи површини во САД, Русија, Франција, Германија, а кај нас е застапен во Пелагонија, Повардарието, Струмичко, Штипско, во Скопскиот регион и во Полог.

          Сончогледот не успева на кисела, мочурлива и премногу солена почва, а  успева на почви со неутрална или малку алкална реакција. Како предкултури за сончогледот прифатливи се житата као и пченката, а се препорачува да се избегнуваат грашокот, сојата, гравот, шекерната репа. Треба да се избегнува сеење на сончогледот на исто место неколку години по ред, бидејки ова растение за 1 година го впива максималниот износ на сите минерали, па поради ова се препорачува оптимален период на пауза од 3 до 4 години.

          👉 Oдгледување на сончоглед.pdf

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна