Одгледување на тиквички

          Едногодишно растение од фамилијата  Cucurbitaceae ( Cucurbita pepo). Во врска со нејзиното потекло, некој тврдат дека потекнува од Азија односно од Индија, додека пак други тврдат  дека потекнува од  Америка поточно од  Мексико.

          Морфолошки карактеристики

          Ова растение има прилично  добро  развиени  корени на длабочина до 40 см. Формираат листови со поголеми димензии  па така целото растение  личи како голема грмушка на  на  која  има големи цветови со жолта боја. Растението дава  високи  приноси,  со плод во речиси  секоја нијанса на зелено, со издолжена или заоблена  форма.

          Третман на семенскиот материјал

          Точното  време за  садници зависи од климатските услови во регионот. Може  да  биде  во април или мај. Семињата   се сеат еден месец поред  да бидат  засадени  на  отворено. Ако се планира одгледување во стакленик  тогаш садниците  треба да бидат засадени 15 дена порано. Прво  семето  мора внимателнно  да  се  прегледа и да  се отстрани несоодветрниот семенски материјал. За  да  се  спречат  габични заболувања семето се чува во топла вода неколку часа, а потоа веднаш да се  натопи во ладна вода неколку минути, или 20 минутен третман во раствор од калиум перманганат и миење со ладна вода.

          👉 Одгледување на тиквици.pdf

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна