Одржана обука за користење на системот СЕМПА во АПРЗ

          На 17 и 18 септември 2013 година, во просториите на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во дирекцијата во Битола, се одржа обука за користење и практична примена на системот за евиденција, мониторинг и евалуација, и планирање на активности. На обуката присуствуваа советодавачи од регионалниот центар Битола, а целта е постепено да се обучуваат и советодавачите од сите работни единици ширум државата. Со завршувањето на обуката ќе се започне и практична примена на системот.

          Состојба

          Со цел прилагодување кон новите потреби за обезбедување на квалитетни советодавни услуги кои се дел од Заедничката земјоделска политика на Европската Унија, но и заложбите на Владата на Република Македонија за обезбедување на соодветна поддршка на македонските земјоделски производители, АПРЗ се соочи со потребата за забрзана и ефикасна имплементација на реформи кои подразбираат подобрување на процесите поврзани со секојдневното работење на советниците, а воедно и со сериозната потреба од подобрување на квалитет на податоците за Фарма на национално ниво. Едно стратешко решение на АПРЗ во битката за брза реализација на овие потреби е имплементација на интегрирано софтверско решение.

          Решение

          АПРЗ во соработка со проектот од СИДА и софтверска компанија имплементира Веб базирано интегрирано решение СЕМПА кое во себе инкорпорира повеќе функционални модули со што се покриваат различни аспекти од секојдневното работење на вработените советници од  АПРЗ.

          Сите потсистеми се дел од  хиерархиската структура на пристап до системот СЕМПА.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна