Одржан тренинг во Прилеп и Претор во рамките на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион”

          АПРЗ како партнер на ЦРППР со свои претставници зеде учество на тренингот со тема: “Вмрежување на локалните заинтересирани страни” кој се одржа на ден 26 Март 2013 во Прилеп и на 27 Март 2013 во Претор.

          ЕУ ЛЕАДЕР пристап во Пелагонискиот регион2

          ЕУ ЛЕАДЕР пристап во Пелагонискиот регион

          Целта на тренингот беше да се добијат информации за користа од мрежите и вмрежувањето за успешен регионален развој, како и за различните видови на мрежи во регионалниот рурален менаџмент. Преку работа во групи учесниците имаа можност да ја разберат улогата на менаџментот во вмрежувањето и за факторите за успешност во вмрежувањето.

          На тренингот претставниците од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор од двата региони се информираа за користа од мрежите и од вмрежувањето за успешен регионален развој и за различните видови на мрежи во регионалниот рурален менаџмент.
          Во текот на месец Март 2013 е планирано да се одржи ваков тренинг и во Битола.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна