Опрашување на доматите со бумбари

          Доматот е ентомофилно растение кое мора да биде опрашано за да формира плод. Инсектот опрашувач “Bombus terestris” е бумбар со социјален начин на однесување сличен на пчелите. Работничките активно работата и ги опрашуваат доматите се додека во леглото има ларви на кои им е неопходен полен за исхрана. Едно семејство активно живее и работи 12-14 седмици, и во тој период може да опрашува просечно 1-2 декари засадени со домати (во зависност од големината на кошницата, која може да биде стандардна, медиум или мини кошница).

          При поставувањето на кошниците (кутиите) со бумбари треба да има доволен број на цветови во насадот. Треба да се постават на спрат, во висина од 1-1,5 метар над почвата и да се заштитат од дирекно влијание на сончевата светлина со поставување на некаква заштита или сенка во насадот. Тоа се прави заради спречување на зголемувањето на температурите, бидејки во такви услови бумбарите не се активни со опрашувањето и  остануваат внатре во кошниците, за да ги ладат своите  и ларви. Тие својот оптимум на работа го даваат во услови на температура под 300C. Освен тоа, бумбарите во попладневните часови кога температурите се зголемуваат, честопати излегуваат надвор од заштитетниот простор, при тоа најчесто се привлечени од диви цветови или овошни дрвца надвор од пластеникот. Во случај на појава на излегување на поголем број на бумбари надвор од заштитениот простор, во попладневните часови треба да се затворат излезите на бумбарите во кошниците или пак се препорачува употреба на мрежа во пластеникот и вентилациски отвори.

          За време на периодот на оплодување треба да се обрне внимание на нивото на оплоденост и активност на бумбарите. Видлив индикатор на оплоденоста се траговите на цветовите (од благо кафеави до темни трагови), но не само во близина на кошниците, туку со земање на случајни примероци и од подалечните растенија.        Траговите се повидливи кога временските услови се поладни и во услови на повисока влажност.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна