Организирана еднодневна акција “Облагородување на дивата круша-горница” Мариово 2015

          На ден 25.04.2014 година, во мариовскиот крај, село Маково, АПРЗ во соработка со еколошкото друштво “Кајмакчалан”, месна заедница од село Маково и Општина Новаци, организира еднодневна практична акција за калемење на самоникнати диви подлоги од круша горница. На акцијата учествуваше и ФФРМ со свои претставници.

          Калемењето на дивата круша горница се покажа како доста успешно, за што говорат резултатите од претходните пет години. АПРЗ ја има омасовено оваа акција и таа е распространета во сите делови на Република Македонија, каде за тоа постојат услови.

          Целта на оваа акција e промоција на советодавните услуги на АПРЗ, остручување на нови кадри со практична обука за калемење, едукација на месното население и поддршка во развојот на органското производство со употреба на природните ресурси во руралните средини.

          Преку следните слики ќе можете да го погледнете методот на калемење.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна