Остварени средби со земјоделците

          Во рамките на реализацијата на проектот на Владата на Република Македонија „Отворени денови во земјоделството и руралниот развој“ кој се реализира со учество на агенциите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, за храна и ветеринарство и  за поттикнување на развојот на земјоделството, директорот на АПРЗ, г-динот Игор Златков изврши посета на повеќе општини, региони и рурални средини во Република Македонија.

          На овие средби земјоделците во континуитет се информираат за програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и за можностите кои се нудат преку нив, но исто така се дискутира за одредени проблеми и актуелности со изнаоѓање на можности за нивно надминување.

          Овој проект е резултат на соработката со земјоделците во изминатиот период и со бизнис секторот, а е со цел во овој период, да се остварат интензивни посети на општините во Република Македонија и средби со земјоделците.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна