Петти меѓународен саем на органски и традиционални производи „ОРГАНСКА ТРПЕЗА 2022“

          Во организација на Здружението за развој на земјоделство и заштита на животна средина  „Живот“ и Комората на органски производители – Куманово изминатиот викенд пред комплексот Отворен и затворен базен во Куманово се одржа петтиот традиционален меѓународен саем на органски и традиционални производи „ОРГАНСКА ТРПЕЗА 2022“ и првиот Меѓународен саем за земјоделство, технологии, храна и преработки „АГРО МАК 2022”.

          На саемот учествуваа стотици излагачи со своите производи од земјава и странство: Србија, Хрватска, Бугарија, Унгарија, Словенија, Косово, Турција, Босна и Херцеговина и други земји.

          Дел од настанот беа и стручните работилници организирани за размена на научни и апликативни сознанија и практики од областа на земјоделството, примената на добра земјоделска пракса и производство на безбедна храна, како и потребата за овозможување на научна и стручна соработка помеѓу чинителите во агро-секторот.

          На работилниците  учествуваа еминентни професори од Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје, од Земјоделскиот факултет при универзитетот во Штип, професори од земјоделскиот факултет од  Белград и други.

          Од страна на панелистите беше истакнато дека заеднички именител за успешно и конкурентно производство на конвенционална, како и на органска храна е добро подготвенa и посветена советодавна служба која е главен чинител во пренесувањето на новите научни сознанија до земјоделските производители, воедно поттикнувајќи ја нивната примена преку обезбедување на стручна поддршка.

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна