Подготвени советодавни пакети за адаптација на земјоделството кон климатските промени

          Проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени, спроведуван од страна на Мрежата за рурален развој на Република Македонија, работи во насока да се развијат и дисеминираат достапни земјоделски технологии и практики за адаптација кон климатските промени и спроведува сеопфатна кампања за зајакнување на јавната свест, со цел да ги редуцира негативните ефекти од климатските промени врз земјоделскиот сектор во Македонија.

          Во реализација на проектните активности учествува и АПРЗ со технички тим на советници: Савка Маркудова, Стојан Глигоров, Ѓоко Данаилов и Џабир Рамадани.

          Техничките експерти вклучени во проектот изработија таканаречени советодавни пакети, кои ќе ги информираат земјоделците и останатите засегнати страни за штетните влијанија од климатските промени и ќе ги научат како да го прилагодат земјоделското производство кон истите и на тој начин да го зачуваат приносот.  

          Советодавните пакети вклучуваат 9 различни брошури и 4 видео материјали кои ги опишуваат и објаснуваатпосебните адаптивни земјоделски мерки кои беа аплицирани и тестирани во овоштарството, лозарството и градинарството, како и одделни техники демонстрирани кај ерозија на почва, конзервација на вода во почвата и покривни култури.

          Брошурите можете да ги прегледате на следниот линк:

          http://www.agencija.gov.mk/brosuri/ 

          Видео материјалите можете да ги прегледате на следните линкови:

          Овоштарство

          Градинарство

          Лозарство

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна