Подготовки во пластениците пред расадување на раноградинарски култури

          Во раноградинарското пластеничко производство паралелно со производството на расад, треба да течат и подготовките во пластеникот. Подготовките се збир од повеке агротехнички, механички, физички, биолошки и хемиски мерки. Склопот од овие  програмирани и комбинирани мерки се дел од Интегралното управување во земјоделското стопанство, и основа на интегралната заштита на растенијата, која претставува стратегија за сузбивање на штетни инсекти, болести и плевели. Добрите услови за развој на растенијата во пластеникот се погодни и за развојот на плевелите, болестите и  штетниците. Заради тоа и борбата со нив, бара дополнителни превентивни мерки, кои се превземаат пред и во текот на одгледувањето на растенијата. Целта е да се обезбедат оптимални услови за развој на растенијата, а неповолни услови за појава и развој на болести, штетници и плевели и да се намали користењето на пестициди.

          Дезинфекција на пластеникот и конструкцијата.

          Основната подготовка започнува веднаш по прибирањето на претходната култура во пластеникот. Најдобро е да се изврши пред корнењето на растенијата, со палење на 5-10 кг/декар елементарен сулфур. Пластеникот се држи затворен   неколку дена. Треба да се внимава  да не дојде до покачување на повисока температура од 50 С0 во пластеникот, заради можни оштетувања на системот за наводнување, или друга пластична опрема. Дури потоа се прибираат сите растителни остатоци, се спалуваат или се закопуваат во земјата надвор од пластеникот.

          Во пракса, производителите не обрнувајки внимание на оваа операција, честопати и без да направат дезинфекција, ги оставаат овие растителни остатоци покрај пластеникот, што претставуваат потенцијал за зараза на идната култура. Со отстранување и спалување на растителните остатоци после бербата, се спречува можноста за понатамошен развој и ширење на голем број болести и штетници.  Поради тоа треба да се очистат и плевелите во непосредна близина на пластеникот по механички или хемиски пат со хербициди. Потоа се преминува на обработка на почвата преку орање и фрезирање се до постигнување на квалитетна структура.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна