Подигнување на нов лозов насад

          Започнува со избор на  површина со поволна местоположба. Потоа се пристапува кон припрема на површината која опфаќа чистење од камења, корнење на стари лозја, овоштарници, грмушки, шуми и др.

          Ѓубрењето се извршува по претходно извршена анализа на почвата, а  со цел, збогатување со потребните елементи во главната зона на кореновиот систем. Со анализата се утврдуваат залихите на фосфор, калиум и вар како и содржината на хумус. Утврдено е дека на површината каде што ќе се врши садење на ново лозје, почвата треба да содржи 10 – 15 мг. Фосфор P2O5 и 20 – 40 мг. Калиум  K2O на 100 грама. Од минерални ѓубрива пред садењето,  можат да се употребат комплексните кои соддржат мала количина азот, како што се  НПК 7-20-30, 5-26-26,  6 -18-36,  10- 30  20 и др. кои целосно се расфрлаат по површината, а потоа со риголовањето се заоруваат на полна длабочина. За подобрување на почвата со хумус, пред садењето, површински се расфрла 30 – 40 тони прегорено арско ѓубре и истото се заорува на длабочина од 30 см.

          Риголовање – длабоко орање на длабочина од (60 – 80 см.), како следна мерка се извршува во Јули – Август и тоа за лозјата кои ќе се садат од есен, а за пролетното садење, риголовањето може да се изврши во текот на есента.

          По извршеното риголовање се пристапува кон одредување правец на редовите и  обележување на садните места. Растојанието за шпалир за вински сорти изнесува – 2,3 м. x 1 м. (4350 лозни калеми /ха.), за трпезни сорти – 2,3 м. x 1,2 м. ( 3650 лозни калеми /ха.), а за одрина 3,0 м. x 1,5 м. (2250 лозни калеми /ха.).

          2 Одговори на Подигнување на нов лозов насад

          1. Барам лозов насад за да купам. Ако имате по која цена се. /интересира ме од сортите вранец и темјаника/

            • Почитуван Бранко,
              Информација за набавка на лозов насад можете да добиете од овластените расадници во РМ.
              Истите можете да ги контактирате преку интернет порталите на кои имаат истакнато цена, услови за плаќање и старост на садниците.
              Како едни од посериозните расадници во РМ се Левидија, Биоплант, Фитоплант.
              Поздрав,
              АПРЗ

          Остави одговор на aprz Откажи

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна