Подигнување на овошен насад

          Површината планирана за засадување на овошен насад, најнапред се чисти од камење, корење и др, потоа се рамни и ора (риголова) на длабочина од 60 – 100 см. Непосредно пред орањето по претходно извршена анализа на почвата, се внесуваат фосфорни и калиумови ѓубрива. Ако се врши основно ѓубрење со арско ѓубре, тогаш половината од планираната количина се расфрла и пред риголовање се заорува на длабочина од 20 см.
          По припрема на површината се пристапува кон парцелирање и обележување на садните места, а потоа се копаат дупки.
          При копањето дупки, горниот слој почва се става до самата дупка, а долниот слој кој е помалку плоден се расфрла помеѓу редовите. При садењето во делот на дупката кај што се распоредуваат жилите се става плодна земја која се зема од горниот дел на површината.
          Садниците се садат на иста длабочина на која претходно биле во растилото, а може и поплитко поради подоцното слегнување.
          Садењето го изаршуваат двајца работници, од кој еден ја поставува и придржува садницата, а другиот со соодветен алат (дурија или лопата) нанесува плодна ситна почва на коренот, при што, добро ги покрива жилите, ја затресува садницата за да ситната земја навлезе меѓу жилите, а потоа, додава уште земја и внимателно ја нагазува. Пред ставање на последниот слој почва, во дупката се додава арско ѓубре ( 5 -10 кг.). До колку нема арско ѓубре се додава минерално ѓубре и тоа чисто храниво 5 – 10 г. азот, 2 – 2,5 г. фосфор и 8 – 12 г. калиум. До колку садењето се изаршува напролет, неопходно е да се изарши заливање на садниците со вода. По впивањето на водата, се нанесува последниот слој почва и истата добро се нагазува . Калеменото, односно спојносто место од садницата треба да биде над површината на земјаата.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна