Пополнување на празни места во насад

          При правилно манипулирање со садниот материјал, вадење, транспорт, трапење, садење, полевање, не би требало да има непримени садници. Најважно е во сите овие манипулации да не дозволиме потсушување или промрзнување на кореновиот систем, особено на ситните апсорпциони коренчиња.

          Но, во практиката не може секогаш сѐ да се изведе како што треба, од објективни или субјективни причини и се случува да има извесен процент непримени садници. При проектирање на плантажите се допушта 5% непримени садници, кои се пополнуваат во наредната садна сезона.

          Најосетлив на приемот е бадемот и затоа кога се подига насад од бадеми, потребна е најголема технолошка дисциплина околу манипулацијата со садниците и садењето. Осетливи при садењето се и праските, кајсиите и другото коскесто овошје на генеративна подлога. И крушите на генеративна подлога потешко се примаат отколку на вегетативна подлога. Има случаи кога во цела парцела може да не се најде ниту една непримена садница. Тогаш и порастот на садниците е буен, насадот почнува со добар старт и од него се добиваат очекуваните резултати.

          Еден одговор на Пополнување на празни места во насад

          1. Pingback: Пополнување на празни места во насад - AgroalternativaAgroalternativa

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна