Поставување потпорна конструкција во ново засаден лозов насад

          Во периодот на зимско мирување на виновата лоза, време е да се постави потпорна конструкција на која следната година напролет ке се формира системот на одгледување на виновата лоза.Пред отпочнување на активностите на терен, најпрвин се избира видот на материјалите за потпорна конструкција, потребниот број на столбови, поцинкувана жица, анкери и др.

          Столбовите може да бидат :бетонски,дрвени,метални.Најчесто во пракса се користат бетонски столбови.

          Во зависност од сортата (трпезна или винска), растојанието на садење и системот на одгледување на виновата лоза(шпалир или одрина) столбовите се со различни димензии и број по единица површина. при избор на жица таа да е поцинкувана и полумека заради полесна манипулација при поставувањето, затегнување и трајност.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна