Празијада 2012 – С. Градошорци, општина Василево

  • Празијада 2012 – С. Градошорци, општина Василево
  • Празијада 2012 – С. Градошорци, општина Василево
  • Празијада 2012 – С. Градошорци, општина Василево
  • Празијада 2012 – С. Градошорци, општина Василево

Во организација на општина Василево, а под покровителство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, на 11.11.2012 година во с. Градошорци по петти пат се одржа манифестацијата „Ден на празот“, на која активно учество имаше и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството – РЦ и РЕ Струмица.

Учесниците и гостите на годинашната манифестација „Ден на празот“ ги поздрави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство г-динот Љупчо Димовски, кој истакна дека ваквите манифестации се вистинско место за средба помеѓу производителите и трговските компании со цел склучување на договори за пласман на овој зеленчук, но и можност за дегустација на многу вкусни јадења со праз, кои домаќинките од село Градошорци и другите околни села ги подготвија за овој настан.

Присутните ги поздрави и градоначалникот на општина василево г-динот Ване Стојанов, кој истакна дека манифестацијата „Ден на празот“ стана бренд со своето лого и препознатливост, а градошорскиот праз со својот квалитет стана бренд во оваа општина. На манифестацијата беа присутни и трговски компании и откупувачи на земјоделски производи од соседните земји Бугарија и Грција, а според градоначалникот, идеа и план е пазарните вишоци од овој производ да бидат суровина за преработувачките капацитети за кои општината веќе обезбедува урбанизирана индиустриска зона.

По богатата културно-забавна програма на која настапија учениците од училиштето „Гоце Делчев“ од Василево и гостите од збратимената општина Струмјани од соседна Бугарија, посетителите и гостите имаа можност да дегустираат јадења и специјалитети со праз, подготвени од вредните домаќинки од оваа општина.

Зорица Илкова

РЦ и РЕ Струмица

Коментирај

Име*

Е-маил* (never published)

Страна