”Празијада 2013” во Градашорци

          Полно село со гости… дворот на црквата ,,Свети Никола,, во Градашорци беше мал да ги собере гостите од повејќе краишта. Председателот на државата Ѓорге Иванов беше тука, министерот за земјоделството Љупчо Димов, градоначалници, пратеници, политичари, италијанскиот амбасадор Белели, од соседството Бугарија, градоначалникот на струмјани, од околината…од најмалото до најстарото.

          Празијада

          Празијада 2013

          Полна маса од јадења со праз. На толку многу јадење не верувам декој некој не пробал. Имаше и за попат и за дома… така случајно видов… Велат, најдобриот праз е од регионот околу Градашорци, ама и најдобрите домаќинки за приготвување специјалитети се од тука. И се си беше во духот на нашата традиција, а и одржување по шести пат е традиција ,,Празијада 2013,, со презентација на голем број специјалитети подготвени со праз, а со единствена цел, промоција на празот како земјоделска култура и овој регион каде тој најмногу се одгледува.

          Шестата ,,Празијада,, ја отвори градоначалникот на општина Василево Ване Стојанов истакнувајќи дека со промовирањето на празот како земјоделска култура, ќе се привлечат сите оние инвеститори кои сакаат да инвестираат и што се занимаваат со откуп и преработка на оваа земјоделска култура. Жителите на Градашорци кои се и најголемите производители на праз во Македонија, од промоцијата очекуваат да им донесе поголем број откупувачи но и инвеститори кои овде ќе отворат производствени погони.

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна