Презентирање на резултати од производство на пченка за силажа
На 13.10.2014 година се организираше настан Презентирање на резултати од производство на пченка за силажа во Пелагонија, со цел да се види жетвата на пченката на полето на фармерот Горан Павловски од село Карамани, општина Битола, каде со помош на инсталираниот систем за наводнување капка по капка се постигнаа рекордни приноси на силажа од преку 130 тони/хектар.
Настанот беше организиран од страна на претставниците од проектот на УСАИД, а како водач на групата беше консултантот од КАРАНА Димче Дамјановски.
Проектот „Како да одгледуваме повеќе пченка со примена на системот капка по капка“ е четиригодишен проект, со цел да се зајакне капацитетот на приватниот сектор, во правец на поттикнување на регионалниот економски развој, како и за создавање на работни места во избраните региони (пелагониски, вардарски, полошки и североисточен) во Македонија.
Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси и во наредниот период ќе ја поддржува советничката мрежа на АПРЗ при промоцијата на добрите земјоделски практики (ДЗП), вклучувајќи ги и модерните постапки и соодветната употреба на регистрираните агро-хемикалии, преку тренинзи и теренски надзор, како дел од системот на АПРЗ за надзор.
Петар Андонов