Припрема на земјоделската механизација за пролетни работи

          Земјоделската механизација како што е познато бара внимателно одржување бидејќи тоа e основен чинител кој влијае на подолгиот век на траење и на исправно работење во текот на експлоатацијата. При употреба машините и алатките се изложени на различни внатрешни и надворешни влијанија, па е потребно да се заштитат а во период кога се во мирување да се конзервираат на соодветен начин, така што кога се јави потреба што полесно и што побрзо да се пуштат во употреба.
          При одржување на земјоделската механизација, погонска и приклучна посебно внимание треба да се посвети дали одржувањето се однесува на:

          • Пред почетокот на сезоната
          • За време на сезоната
          • По завршување на сезоната

          Секое од овие одржувања има свои специфичности и посебности но ние ќе се задржиме на одржување пред почетокот на сезоната бидејќи таа ни е на прагот. Ќе претпоставиме дека по завршетокот на сезоната е завршена третата фаза односно е извршено конзервирање.
          Прв чекор е деконзервирање, кое се состои во отстранување на заштитата, потоа следува визуелен преглед за проверка на исправноста и евентуално оштетување, поради замена или поправка на одредени делови кои се дотраени или оштетени.      Следува подмачкување и пуштање во пробна работа. Ако се забележат неправилности при работа на машината, приклучната машина се подесува се додека не се добие саканиот ефект. Се ова се прави по упатствата на производителот а резервните делови треба да се оригинални. Исто така многу е битно да се евидентираат сите поправки и трошоци.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна