Програма за рурален развој за 2015

          Македонските фармери ќе можат да аплицираат за евтина набавка на механизација чија дејност е производство на житни, фуражни и индустриски култури и да ги модернизираат своите стопанства. Од први јули, Владата одлучи да објави нов повик од Националаната програма за рурален развој преку познатата мерка 121 или 50- 50, со која, од почетната инвестиција, на земјоделците ќе им бидат вратени најмалку половината од средствата. Бидејќи рокот на објавата е шеесет дена, тимовите советници на АПРЗ ќе помогнат во пополнувањето  на апликациите.

          Минимум потребни услови за апликација на земјоделските стопанства е да имаат минимум половина хектар површина, доколку станува збор за тутун, а доколку станува збор за фуражни и житни култури, треба да имаат минимум еден и пол хектари површина. Повратокот на инвестицијата е од 50 отсто па до 75 проценти, во зависност од тоа дали станува збор за регуларно земјоделско стопанство, стопанство со млад земјоделец, жена земјоделец или за недостапни рурарлни средини- рече Игор Златков, директор на АПРЗ.

          Бидејќи со оваа мерка нема лимити за потеклото на механизацијата, големите импортери на земјоделска механизација се спремни да одговорат на големата побарувачка што се очекува.

          Овој пат, техничките плански проекти  и барањата ќе се изготвуваат и доставуваат по електронски пат, што ќе го забрза разгледувањето на документацијата, а финансиски средства ќе бидат обезбедени за сите апликанти.

          Петар Стефановски

          ТВ прилогот можите да го погледните на следниот линк.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна