ПРОМОТИВНА КАМПАЊА ЗА СИСТЕМ КАПКА ПО КАПКА И РЕСТРУКТУИРАЊЕ И ПРЕНАСОЧУВАЊЕ НА НЕКОИ КУЛТУРИ ВО ОДДЕЛНИ РЕГИОНИ
СИСТЕМ КАПКА ПО КАПКА
Зголемување на продуктивноста во земјоделството веќе подолго време, неколку децении е цел на политиката во речиси сите земји во светот кои имаат за цел интензивирање на земјоделското производство преку постојаното зголемување на системите за наводнување и ѓубрење. Како резултат на тоа стана јасно дека се појавија голем број на еколошки проблеми во однос на земјоделството, како еутрофикацијата и загадување на подземните води. Во овој контекст, значителни напори се преземаат во обидите за трансформација на конвенционалните системи на земјоделско производство кон поодржливи системи со примена на земјоделски техники базирани на претходната проценка на земјоделските карактеристики и животната средина.
Придобивки од употреба на системот капка по капка
- Овој систем овозможува достигнување на највисоките можни приноси во зависност од генетскиот потенцијал на избраната сорта. Така на пр. пченката наводнувана со овој систем може да постигне приноси на зрно над 17 т/ха, а приноси на силажа над 120 т/ха.
- Може да се определи времето на залевање на насадите, како и точната количина на вода што треба се употреби. Тоа помага при намалувањето на загубите во приносите од стрес на растението.
- Се избегнува прекумерното наводнување кое може да резултира со големи загуби на вода.
- Овозможува културата постојано да има доволно вода за успешен раст и развој, односно високи приноси.
- Се обезбедува заштита на животната средина бидејќи на растенијата им се дава онолку вода колку што и е потребно на културата, без непотребни загуби на вода во почвата.
- Овозможува лесно и брзо додавање ѓубрива преку системот (фертиригација). На тој начин над 90% од хранливите материи се впиваат во кореновиот систем на растенијата, повеќе од кој било друг начин на ѓубрење.
- Овозможува лесно и брзо аплицирање на заштитни средства преку системот, со што ефектот на приносите е уште поголем.
- Залевањето може многу лесно да се контролира, што не е случај со другите техники на наводнување, особено површинските.
РЕСТРУКТУИРАЊЕ И ПРЕНАСОЧУВАЊЕ НА НЕКОИ КУЛТУРИ ВО ОДДЕЛНИ РЕГИОНИ
Во РМ во сите 8 региони најмногу се одгледувале житните култури, Пелагонискиот и Југоисточниот дел се засеани и со индустриски култури, а Полошкиот, Југозападниот и Југоисточниот регион со фуражни растенија. Во Југоисточниот а по него и во Скопскиот регион најмногу успеваат и градинарските култури. Вардарскиот и Пелагонискиот се „најшарени“, односно во нив успеваат речиси сите земјоделски производи.
Евтиното увезено брашно од соседните земји го доведува прашањето за опстанокот на производството на житни култури во најголем случај пченицата. Треба да се земе во предвид загрозеноста на производството на пченица, и да се воведат мерки за преструктуирање со производство на други култури со повисока додадена вредност наменети за извоз. Во таа насока производителите на пченица ќе се поттикнуваат со мерките на поддршка кон замена на житните култури со алтернативни производи во регионите каде приносот на пченица е значително под 3.000 кг/ха насадени на површини многу помали од 5 хектари како што е случајот во регионот на овчеполе…
АПРЗ на овие теми организира отворени денови со земјоделците агенда тука.