Промоција на правилниците за директно снабдување во Крушево и Демир Хисар

          Со учество на повеќе од шеесетина фармери од Крушево и Демир Хисар, денес Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството од Битола ги продолжија теренските активности за промоција на новите подзаконски акти за регулирање на директната продажба на мали количини производи од страна на фармерите. Средбите со производителите ги отворија градоначалниците на Крушево г-дин Томе Христоски, и на Демир Хисар г-дин Марјанче Стојановски.

          Стручни лица од Агенцијата за храна и ветеринарство кои во соработка со науката и невладиниот сектор, активно беа вклучени во подготовката на овие два подзаконски акти, на земјоделците и сточарите детално им ги објаснија основите за таканаречената директна или продажба на земјоделски производи од куќен праг, како можност за развој  и унапредување на  работењето на земјоделците, чии производи имаат реална основа без посредство на трговците да се пласираат на пазарот.

          Образложени беа хигиенските стандарди кои мора да бидат запазени во производството со цел до крајните потрошувачи да се пласираат безбедни производи. Со правилниците како што беше истакнато на средбите со производителите од Крушево и Демир Хисар, се воспоставува следливост и се гарантира безбедноста на производите од растително и од животинско потекло, водејќи сметка за заштита на здравјето на граѓаните.

          За подетални информации за регистрирање на оваа категорија земјоделци, заинтересираните може да се обратат во подрачните единици на Агенцијата за храна и ветеринарство, а за стандардите кои треба ги исполнат производителите за да го унапредат производтвото, совет може да побараат во работните единици на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.


          Презентацијата на новите правилници за директно снабдување на терен, продолжуваат и идната недела, почнувајќи од Скопје, со настан кој ќе се одржи на Факултетот за земјоделски науки и храна.


          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна