Проредување на цветови и плодови на овошките

          Поедини сорти јаболка и праски се карактеризираат со обилно цветање, а како резултат на тоа и со зголемено заметнување на плодови. Преголемиот број плодови на стеблото резултира со лош квалитет на истите и слабо формирање на родни папки за наредната година.
          Најeфикасна помотехничка мерка за контрола на родноста на овошките и подобрување на квалитетот на плодовите е проредувањето на цветовите и плодовите. Проредувањето може да се извршува рачно, или со употреба на хемиски средства т.н. речени растителни регулатори на растењето.
          Рачното проредување на цветовите и плодовите дава најдобри резултати, но истото може да се примени на мали површини и поединечни стебла.
          Проредувањето на цветови со хемиски средства се заснива на фитотоксичниот ефект на средствата кои ги исушуваат жиговите на толчникот при што, го спречуваат оплодувањето само на отворените цветови. Проредувањето на плодови со хемиски средства се заснива на селективното дејство на истите врз плодовите, со цел, во заврзокот останат еден до два примарни плода, а останатите помалку развиени опаднат.

           

           

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна