Расад во градинарството

          Добро закалениот и здрав расад е предуслов за максимален принос од растенијата и ако има поволни услови за одгледување кон крајот на мај и почетокот на јуни во зависност од тоа кога е извршена сеидбата, се добива  и посакуваниот принос.

          При одгледувањето на расадот, многу е важно да се одржи потребната температура и влажност на воздухот и почвата. Водата за наводнување треба да епомеѓу 20 и 25 С. Со полевањето можат да се внесуваат ѓубрива со потребните макро и микро елементи како и превентивните фунгициди.

          На почетокот на месец февруари  започнува одгледувањето на расад за рано оранжериско производство.25 до 30 дена по сеидбата, растенијата се пикираат и после 25 дена се пресадуваат на постојаното место.

          На отворено се сее грашок од 1 до 10 март, зелка од 25 март до 10 април, копар од 5 до 15 март, морков почетокот на март, магданос од 15 март, ротквици од 15 до 30 март, лук ( летен ) во текот на месец март, домати ( средно рани ) од 10 до 20 март, домати ( доцни ) од 20 март до 15 април, пиперки ( рани ) од 10 до 20 март.

          Прегледајте го целосниот текст во пдф на следниот линк.

          👉 Расад во градинарството.pdf

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна