Реакција на почвата(пХ)
Реакцијата на почвата има големо влијание на растењето и развојот на растенијата и микроорганизмите и на брзината и правецот на хемиските и биолошките процеси кои се одвиваат во почвата. Од реакцијата на почвата зависи освојувањето на хранливите елементи. Таа има има големо влијание на ефектот на минералните и органските ѓубрива внесени во почвата.
Концентрацијата на водородните јони во раствор се изразува со симболот рН.
Утврдувањето на рН на почвата е начин на изразување колку почвата е кисела или алкална. Во зависност од бројната вредност на пХ, почвите можат да се класираат на следниот начин:
Реакција |
пХ |
Многу кисели |
<4,5 |
Кисели |
4,5-5,5 |
Слабо кисели |
5,5-6,5 |
Неутрални |
6,5-7,2 |
Слабо алкални |
7,2-8 |
Алкални |
8-9 |
Многу алкални |
>9 |
Во природни услови реакцијата на почвениот раствор варира од рН 3-3,5 (тресетни почви) до рН 9-10(солени почви). Реакцијата кај културните почви се движи во границата рН 3,5-8.
Најголем број од земјоделските култури, најдобри услови за растење и развој имаат на слабо кисела до неутрална почва. Многу киселите почви со рН 4, не се погодни за земјоделско производство.
Закиселувањето на почвата е природен процес кај сите почви, но може да биде забрзан со активностите на човекот. Степенот на закиселување зависи од структурата на почвата, внесување на атмосверки нечистотии, минерални ѓубрива и од примената на агротехничките мерки.