Реализирани информативни средби по акционен план
Со распишувањето на пет јавни повици за поддршка на земјоделците при набавка на трактори, набавка на силоси, изградба на мандри, набавка на опрема за производство на тутун и поддршка за рурална жена, како и донесувањето на програмата – Интервентен фонд за поддршка на земјоделците преку нови интервентни мерки, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ), Одделение за Регион Скопје, согласно акциониот план за реализација, во континуитет одржува информативни средби во следните општини:
- Општина Гази Баба, во населено место Црешево на 27.04.2022 год.,
- Општина Чучер-Сандево, во населено место Кучевиште на 28.04.2022 год. и
- Општина Студенчани, во населено место Студеничани на 29.04.2022 год.
- Општина Илинден во населено место Илинден на ден 04.05.2022 год.
- Општина Сарај во населено место Сарај на ден 05.05.2022 год.
Целта на информативните средби беше презентација на програмите и тоа:
- Програмата „Интервентен фонд за земјоделство“ и
- ,,Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 год.,
- мерката 115 – Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство
- мерка 121 – Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства со подмерките:
- подмерка 121.4 Набавка на трактори,
- подмерка 121.7 Набавка на опрема за производство на тутун,
- подмерка 121.8 Инвестиции во мандри и
- подмерка 121.9 Набавка на силоси.
На информативните средби потенцијалните баратели се запознаваа со критериумите на програмите, потребната документација, начинот на бодување за избор, административно – техничките услуги, како и за сите други потребни информации со кои се заокружува начинот на постапката за доставување на комплетирано барање до АФПЗРР и подрачните единици на МЗШВ.
Исто така им се укажува дека сите погоре споменати услуги, потенцијалните баратели ги добиваат БЕСПЛАТНО од страна на советодавците на АПРЗ и за истите да се обратат во канцелариите на АПРЗ.
Фотогалерија