Резидба на актинидија

          Бидејки Актинидијата е лијановидно растение па при самото растење се прилагодува на различни системи на одгледување. Затоа кој систем ке го одбереме,зависи од производните и природните услови на самото подрачје.Во Струмичкиот регион системот резидба на одрина е најмногу застапен,бидејки одговара на нашите климатски и почвени услови. При овој систем на одгледување се добиваат највисоки приноси по единица површина.

          Самата резидба се врши при формирањето на системот на одгледување и во периодот на плодоносењето.

          Резидба на род

          Резидбата на род почнува од почетокот на плодоносењето и трае се додека  е овошката  способна да носи род. Резидбата се извршува во периодот на зимското мирување и во периодот на вегетација, во периодот на мирување или зимска е основна и задолжителна .Зимската резидба се извршува со цел на овошката да и се остават доволен број правилно распоредени едногодишни ластари.Ластарите се оставаат по должината на централната водилка на растојание од околу 25-35см. На една овошка се остава толкав број родни ластари,колку што таа може да издржи,а должината на родните ластари и резниците што се оставаат со резидбата се движи од 2-8 пупки.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна