Резидба на винова лоза во род

          Зимската резидба на виновата лоза е агротехничка мерка со која започнуваат сезонските работи во лозјата и истата се извршува редовно секоја година. Лозата се режи за да: го забрза почетокот на пораното доаѓање во род, да и даде одредена форма на пенушката со што ќе се олесни обработката на почвата, да воспостави рамнотежа помеѓу кореновиот систем и надземниот дел, да се отстранат болните ластари од разни заболувања и да се отстранат сувите и замрзнати делови. Исто така со резидбата се остава саканиот број на окца на ластарот и вкупниот број на пенушката. За да се изврши резидбата квалитетно, пожелно е да ја извршуват додро обучени и искусни работници. Од голема важност е и тоа да се знае, дека родноста на сите окца по должината на ластарот не е еднаква. При основата на ластарот окцата се помалку родни, кон средината родноста се зголемува и како се оди кон крајните окца, родноста се намалува.
          Во лозовите насади на род, основната или зимска резидба се извршува во периодот на мирување на лозата или од опагањето на лисјата па се до пред самото потерување на окцата на пролет. Обично во наши услови, земјоделците со помала површина, резидбата ја извршуваат во втората половина на месец февруари, со цел да го избегнат солзењето на лозата, со кое се губат хранливи материи многу важни за развојот на младите ластари.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна