Сеидба на луцерка

          Луцерката е повеќегодишна култура и треба да се внимава на плодоредот. На исто место може да се сее после 3-4 години. Како предкултури добри се: пченката,   компирот, едногодишните легуминози и стрните жита.

          За успешно производство на луцерка, почвата треба да биде длабока, растресита, плодна со поволен водно-воздушен режим. Бара средно тешки почви со pH 6,6-7,5.

          Основната обработка на почвата треба да биде на длабочина од 35-40. По извршената основна обработка треба да се изврши површинска припрема со цел да има доволно време почвата да слегне. Површинскиот слој мора да биде слегнат, бидеќи само на рамна и слегната површина може да се изврши квалитетна сеидба со распоред на семето на потребната длабочина.

          Основното ѓубрење се врши пред орање. За заснивање на луцериште треба да се а ѓубри со 30-50кг/ха азот, 100-150 кг/ха фосфор и 60-100 кг/ха калиум. За таа цел се препорачува примена на НПК минерално ѓубриво 10-30-20 во доза од 300-400 кг/ха со основната обработка, а 200 кг/ха во предсеидбената припрема.

          Луцерката може да се сее напролет и во лето. Кај нас пролетната сеидба е најсигурна и најраспространета а се изведува од средината на Март до средината на Април. Премногу раната сеидба во пролет нее препорачлива заради споро и нерамномерно никнење и развој на растенијата. Летната сеидба може да даде добри резултати само во повлажни и потопли реони или во услови на наводнување и е оправдано ако се изведе рано, во Август до средината на Септември, во спротивно доцната сеидба е ризична заради измрзнување во текот на зимата.

          Сеидбата на луцерката најчесто е тесноредова или на помали површини рачно-распрснато. Треба да се даде предност на сеидбата со сеалка за ситни семиња или житна сеалка. Сеидбата на луцерката со редосеалка се изведува на растојание 12-15 см ред од ред, а за семепроизводство широкоредово на растојание 50-60 см ред од ред. Количината на семе при распрснатата сеидба се движи од 30-40 кг/ха, при тесноредовата 15-20 кг/ха а при широкоредовата 6-7 кг/ха.

          Луцерката се сее на длабочина од 1-3 см во зависнос од типот на почвата. На средно тешки почви треба да се сее на 1-2 см а на тешки до 1см, додека на лесни-песокливи почви сее сее на 2-3 см. Во случај на длабока сеидба, семето не никни. Тоа е причината заради што равна, фино припремена и слегната површина е толку важна за квалитетна сеидба.

          Во почетните фази на развој, луцерката споро се развива. Во истиот период има брз пораст на плевелите што може да доведе до проредување на посевот. Заради тоа треба да се изврши заштита на младата луцерка од плевели со примена на хербициди. Пред сеидба со инкорпорација против теснолисни и широколисни плевели можи да се користи Trikepin 48 EC и др, а по никнење на луцерката и плевелите може да се користат Pinazon 480 SL и др (за широколисни плевели),  Pinfor super, Fusilade forte, Focus ultra и др (за теснолисни плевели) или Pivot (за теснолисни и широколисни плевели)

          До колку има напад од лисни штетници на младите растенија неопходна е заштита со инсектициди.

          М-р  Цветан Јовановски

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна