Сеидба на озими добиточен грашок и граор

          Добиточниот грашок и граор се одгледуваат за произодство на зелена маса, сено, силажа и сенажа. Сеното од грашокот по квалитет заостанува зад сеното од граорот, затоа подобро е грашокот да се искористи како зелена храна и силажа. Предноста на грашокот над граорот е во тоа што тој, како есенска култура дава поголеми и постабилни приноси на сено. Грашокот е поотпорен на ниски температури.Добиточниот граор и грашок треба да се одгледуваат во плодоред. Најдобри предкултури се  оние кои рано се прибираат во текот на летото или рано на есен, како што се стрните жита или хибридна пченка и сончоглед со кратка вегетација.

          Основната обработка на почвата треба да се изврши на исти начин како и за озимите стрни жита на длабочина од 25-30 см. За квалитетна сеидба потребно е навремено и квалитетно да се изврши предсеидбената припрема. Почвата треба да е добро иситнета, а покрај тоа и добро изравнета површината за да  се создадат услови за полесно и поквалитетно извршување на сеидбата и косењето.

          За добивање на висок принос од озимиот добиточен грашок и граор големо влијание има благовременото ѓубрење со минерални ѓубрива и тоа: 40-50 кг/ха. Азот и 60-80 кг/ха Фосфор и Калиум. Најдобро е 2/3 од фосфорот и калиумот да се внесат со основната обработка, а преостанатиот дел заедно со вкупната количина на азот да се внесат пред сеидба.

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна