Сеидба на пченица

          Пченицата се одгледува заради зрното кое има висока хранлива вредност, и кое заради својот хемиски состав и особините на белковините-лепакот дава најквалитетен леб. Денес околу 70% од човештвото во светот се храни со пченица.

          Пченицата има големи барања во поглед на плодноста и физичките особини на почвата. Не се погодни за одгледување тешките збиени почви оптеретени со пркумерна влага, како и лесните песокливи кои имаат мал капацитет за вода, многу лесно доаѓа до измрзнување на растенијата и недостатокот на вода во топлите месеци.

          Најдобро е пченицата да се одгледува во плодоред со други култури, бидејќи одгледувањето во монокултура ги намалува приносите заради заразување на површините со плевели, болести, штетници, како и едностраното користење на хранливите елементи. Сеењето на пченица по пченица во секој случај треба да се избегнува, а сепак до колку се наметне треба да се обрне внимание на применетата агротехника а особено на ѓубрењето и заштитата. Најдобри предкултури се легуминозите (соја, грав, грашок, граор и др.) како и окопните (сончоглед, пченка, шеќерна репа, памук, компир, бостан и др.).

          Основната обработка на почвата има големо значење за постигнување на високи приноси. Длабочината, начинот и времето на основната обработка зависи од предкултурата, особините на почвата, жетвените остатоци и др. Ако за предкултурата е извршено длабоко орање, се обработува плитко 20-25 см, под услов ако жетвените остатоци квалитетно се заораат. На тешки почви се обработува подлабоко бидејќи побрзо слегнува почвата, а на лесни и песокливи поплитко.

          Предсеидбената припрема треба да биде квалитетна за да се обезбеди добар сеидбен  слој.

          Ѓубрењето за сеидба на пченицата треба да се врши врз основа на потенцијалната плодност на почвата која се добива со агрохемиска анализа, како и ѓубрењето на предкултурата. На различни типови на почви и во различни еколошки услови секогаш се истакнува азотот како носител за висок принос на пченицата.  За добивање на високи приноси во  наши агроеколошки услови ориентационата количина на хранливи елементи се движи: 80-130 кг/ха азот, 60-120 кг/ха фосфор и 60-100 кг/ха калиум. Целата количина на фосфор и калиум и една третина од азотот се внесува со основната обработка, а остатокот на азот се користи за прихранување.

          За успешна сеидба многу се битни времето, начинот и длабочината на сеидба.

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна