Силажирање на пченка

          Под силажа се подразбира поткиселена сочна добиточна храна. Конзервирањето се врши во анаеробни услови под дејство на микроорганизми, кои како продукт на својот живот создаваат органски киселини кои вршат стерилизација на зелената храна, и затоа таквата храна се запазува.

          Силажата служи главно за исхрана на добитокот во зимските месеци, а во сушните реони и за исхрана преку летото, кога вегетација на пасиштата прекратуват.

          Постојат повеќе видови на објекти за силажирање и тоа: сило кули, сило јами и сило трапови. Денес најмногу се користат, и најдобри за мали фарми се силотраповите.

          Сило траповите се поставуваат на оцедно место, а можат да бидат обични, со земјена или бетонска писта, или со потпорни зидови кои се подобри. Кај сило траповите со потпорни зидови, зидовите можат да бидат импровизирани од штици или бали од слама, или градени од армиран бетон, кои се поскапи но се подобри. Градбата може да биде поединечна или во батерии-тренч силоси. Најдобра висина за полнење на сило трапот е до 1,5 метри. Ширината и должината на сило трапот зависи од потребите, односно големината на фармата.

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна