Склучени договорите со земјоделските стопанства кои ќе учествуваат во реализацијата на проектот за Градење на основи за реформи во тутунскиот сектор

          Врз основа на проектот Градење на основи за реформи во тутунскиот сектор со број EUROPEAID/138538/IH/MK во 2018-2019 година, во рамките на активноста 4 – Имплементирање на пилот активности за диверзификација на приходите на земјоделските стопанства преку воведување на нови алтернативни култури и/или зголемување на ефикасноста на производството на тутун, како и јавниот повик спроведен од 17.08.2018 до 17.09.2018 година.

          Склучени беа 40 договори од регионите, Радовиш, Битола, Велес,Прилеп, Демир Хисар и Крушево. Пилот активностите во зависност од регионот ќе бидат насочени кон производство на контејнерски расад за тутун, сушари за тутун за подобрување на процесот на сушење на тутунот, анализа и истражување при производството на тутун како и диверзификација на култури односно засадување на површини со луцерка, афион, стевија, ароматични растенија и пипер.

          Реализацијата на овој проект е со поддршка на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна