Со правилна и навремена употреба на агротехнички мерки до повисоки приноси во производството на пченица

          Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството го посети земјоделецот Владо Атанасовски од село Гермијан, коj со соодветна примена на  агротехнички мерки, без наводнување, на површини со квалитет од VII класа, успеа да добие просечен принос од 7 т/ха пченица, а  додека на некои од површините достигна и рекордни 10 т/ха пченица.Воедно, советодавците помагаа при припремата на бараната документација, изготвување на деловните планови и подготовка на  е-барањето.

           Применета технологија

          Сеидба – Земјоделецот сеидбата ја извршил околу 20 октомври, со добра предсеидбена подготовка, односно ѓубрење со арско ѓубре – 15т/ха, потоа се изведува основна обработка на површините со длабоко орање, тањирање, со примена сертифициран сеидбен матријал од сортите SOFRU и EUGENIJA во количина од 200-250 кг/ха, во оптимален рок на сеидба, на основна  ‘ртливост на семето.

          Прихрана – Пред сеидбата земјоделецот ја прихранил почвата со минерално ѓубриво МАП 12:52 од 150-200 кг/ха, прихраната со азотно ѓубриво ја извршил во два наврати, првиот пат во јануари,  со 46 % азот – уреа, 300 кг/ха, а вториот пат од 15-20 март со 34 % азот-кан, 300 кг/ха. Прихрана со  фолијарно ѓубриво направил во април во количина од 14л/ха во фаза на вретенење на пченицата.

          Заштита – Заштитата ја прави на есен со хербицид и на пролет пред да започне вегетацијата, од 15-20 Март со инсектицид и фунгицид.

          Влажноста на вака произведената пченица е 10%, а хектолитарска маса 77%.

          Земјоделецот се занимава со растително и сточарско производство. Од растително производство  обработува вкупна површина од 30 ха, од кои на 20 ха сее пченица, на 3 ха пченка за силажа, а на 7 ха луцерка. Од сточарско производство има 20 молзни грла и 10 говеда за тов. Поседува трактор и комплетна приклучна механизација.

          Препорака: Од особена важност за производството на секоја култура е навремената и правилна употреба на агротехнички мерки, препарати и семенски/саден матријал, како и употребата на современа механизација во земјоделското производство. Согласно добрата земјоделска практика и за разлагање на жетвените остатоци се препорачува во послебербениот период да се направи заорување или тањирање на површините со употреба на микробиолошко течно ѓубриво – мобилизатор на хранливи елементи.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна