Теренска посета на АПРЗ во с.Лисолај и с.Лопатица

          На ден 26.08.2019 година, беше извршена  теренска активност во населените места Лисолај и Лопатица, општина Битола. Теренската активност ја извршија советниците од АПРЗ РЕ Битола, Петар Трајковски и Мирјана Милинг. На теренската активност беше присутен и Раководителот на РО Битола Др. Зоран Бардакоски.

          Во с. Лисолај беа посетени две земјоделски стопанства и тоа стопанството на Лубе Кочанковски и на Лена Матевска. На стопанствата беа присутни и земјоделците Благојче Наумчевски и Борче Јоновски. Беше разговарано за тековни проблеми, до каде се со апликациите за ПРР, а од советниците на АПРЗ беше пезентирана флашинг методата.

          Во с. Лопатица беа посетени две земјоделски стопанства и тоа стопанството на Томе Дамевски и на Тони Нешковски. На стопанствата беа присутни и земјоделците Душан Стојановски и Александар Кулуковски.

          Кај сите горе наведени земјоделци после презентацијата на темите, се разви дискусија не само по презентираните теми туку и по други теми од областа на примарното земјоделско производство, примената на современи технологии во земјоделството, програмата за рурален развој, исхраната на молзните крави во кои активно учество за давање на советодавни услуги имаше и раководителот на РО Битола Др. Зоран Бардакоски.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна