ТРИПС – Штетник кој во текот на вегетацијата кај градинарското производство прави големи проблеми

          Постојат повеке врсти на трипс. Кај нас најштетни врсти на трипс се:

          • Калифорниски трипс – Franklinella occidentalis
          • Тутунов трипс – Thrips tobaci

          Спаѓа во полифагни штетници, инсект кој се храни со најразлични културни и плевелни растенија, а најголеми штети причинува на градинарските растенија,зеленчукот и цвекето во заштитен простор.Кај зеленчукот ги напаѓа кромидот, празот, домати, краставици, пиперки, зелки, салати и др.

          Калифорнискиот трипс е полифаген штетник, и ги напаѓа најповеке растенијата кои се одгледуваат во заштитен простор ( пластеници и стакленици).Директните штети ги нанесува на сите делови од растението, а индиректно е пренесувач на вирусните заболувања кај домтите.Исклучително е опасна врста на штетник кој брзо се развива и ствара брза резистентност на инсектициди, и затоа е потребно посебно внимание при употребата на хемиска заштита.

          Тутуновиот трипс ги прави штетите како на отворено татка и во заштитен простор. Штетите ги прави директно со смукање на соковите од растението, на цветовите и листовите на растенијата. Популацијата на тутуновиот трипс е најброен на растенијата од фамилијата Alliaceae (кромидот и празот ),потоа зелката, краставицата,пиперката, доматите, големи штети прави исто и на тутунот.

          Успешната заштита и уништувањето на штетните врсти на трипс во заштитени простории зависи од навременото согледување на нивното присуство. Здравствената хигиена е многу зачајна за заштита од трипс, а тоа е отстранувањето на растителни остатоци за да не доаѓа до преживување на единки инсекти од трипс.

          Прегледајте го целосниот текст во пдф на следниот линк.

          👉 ТРИПС – Штетник кој во текот на вегетацијата кај градинарското производство прави големи проблеми

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна