Уништување на плевели во лозјата со хербициди
Плевелите како едни од најголемите конкуренти во лозјата се уништуваат на повеќе начини. Во посувите и потопли реони и на помалите парцели, еден од начините на уништување е со повеќекратна рачна обработка на почвата. Со ваквиот начин на обработка покрај уништувањето на плевелите, се постигнуваат оптимални услови за успешен развој и плодоносење на виновата лоза. Но, недостигот од скапа работна сила, ја наметна потребата од изнаоѓање на други начини за оддржувње на површината во лозјата како што се: затревување, мулчирање и употреба на хербициди. Постојат голем број на хербициди кои се користат за уништување на плевелите.
Кој од хербицидите ќе биде употребен, зависи од тоа колку е старо лозјето. кои плевели се најзастапени во насадот, дали истите се едногодишни или повеќегодишни, теснолисни или широколисни, фенофазата во која се наоѓаат, типот на почвата (лесна или тешка) и содржината нахумус во истата.Хербицидите врз плевелите дејствуваат уништувачки контактно или системично. Во пракса во повеќето случаи примена наоѓаат контактните хербициди, бидејќи истите дејствуваат побрзо.