Успешно спроведена есенска акција “Ден на дрвото – засади здравје засади иднина”

          На 27.11.2013 годинавработените од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството активно се приклучија на дванаесетата акција „Ден на дрвото“, која под мотото „Засади здравје, засади здрава иднина“ се одвиваше низ целата територија на Р. Македонија

          Во акцијата за пошумување оваа година беа опфатени околу 1150 хектари на ниво на целата република а приоритет за пошумување им се даде на опожарените  површини, оголените места и локалитетите во непосредна близина на урбаните и руралните средини.

          Во Битола се пошумуваше во месноста наречена „Бел Камен“ а акцијата опфати околу 100.000 хектари површина и околу 200.000 садници од црн бор, бел бор, багрем, бука и др.

          Во Кумановскиот регион акцијата опфати неколку локации и тоа: Куманово-Липково,Билановце-Гладно поле, Св.Николе-Овче поле место викано Голем рид, Кратово-с.Османци  место викано Голем рид и Крива Паланка –Присој вонаселба Бегови Бавчи,и по речното корито на Крива Река.

          Гевгелискиот регион се пошумуваше во месноста Топлик на површина од 4 хектари,  Богданци на површина од 1 хектар и Дојран на површина од 1 хектар и засадени се вкупно 25.000 садници на вкупна површина од 6 хектари.

          Во Скопје се садеше на падините на планината Водно и на локалитетите кај село Крушопек и кај село Соње. Најмногу се засадија садници од видот багрем и јасен. Во Општината Илинден беа засадени околу 168.000 садници на површина од 42 хектари.

          Во Македонски Брод се изврши организирано пошумување во околината на селото Модриште, а на површина од околу стотина хектари во Струмица беа посадени над 270.000 илјади садници  од кои најголемиот број беа црн бор и чемпрес. Во рамките на акцијата, неколку дена претходно дрвцата беа засадени во струмичката општа болница како и во заводот за рехабилитација Бања Банско . Акцијата продолжува и во текот на наредните денови се додека не се засадат и преостанатите предвидени површини до 100 ха.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна