Учество на АПРЗ на првата средба на Махиндра со земјоделците

          На 08.10.2014 година компанијата Евро Стил од Битола одржа комерцијална презентација во Општина Могила на Махиндра тракторите – најновата понуда на пазарот.

          Презентацијата се состоеше во два дела и се одржа пред општинската зграда како официјален дел на кој со пригоден говор присутните ги поздравија сопственикот на Евро Стил – Рајко Рајкоски и гостинот од Индија – заменик генерален менаџер во Махиндра – г-динот Далви Маноџ; и вториот работен дел во кој Махиндра тракторите се поставија на работа во поле и беа достапни и за проба за присутните. На настанот и симболично му се предадоа клучевите и подароци на првиот купувач на Махиндра од Евро Стил.

          Покрај присутните заинтересирани земјоделски производители, на оваа презентација беа поканети и учествуваа голем број на релеванти чинители од областа на земјоделството, локалната самоуправа, претставници од државни институции кои делуваат во оваа сфера, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и сл.

          Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството беше претставена од страна на директорот м-р Игор Златков, кој оваа презентација ја оцени како исклучително позитивна, со оглед на тоа што земјоделските производители директно имаа можност да се запознаат со квалитетот и можностите на земјоделската механизација од наведениот производител.

          Инаку, во обем Махиндра е светски најголем производител на трактори. Во последната  година компанијата продаде 267.634 трактори на светско ниво. Махиндра има силно присуство во повеќе од 40 земји на светот и на светско ниво бројот на корисници на Махиндра надминува 3,1 милиони. Во Индија, која е светски најголемиот пазар за трактори Махиндра држи повеќе од 40% од пазарот и е лидер во продажба во последние 30 години. Во САД, компанијата оперира со 5 капацитети за составување и е меѓу трите врвни играчи во овој сегмент.

          Од јуни 2014 Махиндра ја назначија Евро Стил како генерален застапник за Македонија и ги нудат тракторите со 40 до 90 коњски сили.  Низ годините овие трактори ја стекнаа довербата на македонските фармери со нивниот квалитет, сигурност, леснотија за работа и перформанси.

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна