Учество на АПРЗ на средба за “Предизвиците во земјоделството соочено со климатските промени”

          Директорот на Агенцијата за подттикнување на развојот на земјоделството Elgafar Jusufi зеде учество на шестата сесија на Работна група 1– Земјоделство и рурален развој на тема: ПРЕДИЗВИЦИТЕ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО СООЧЕНО СО КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ“, која се одржа на ден 12 Септември 2019 година, во Kлубот на пратениците, Скопје.

          На средбата беше наведено дека климатските промени се еден од најглавните проблеми на глобално ниво кои значително го засегаат земјоделството, претставувајќи предизвици кои досега биле невообичаени. Овој процес е двостран, со тоа што и земјоделците преку емисијата на стакленички гасови, како јаглерод диоксид и метан, придонесуваат за климатски промени.

          Од страна на Универзитетските професори од Факултетот за земјоделство  храна беа презентирани моменталните состојби со влијанието на климатските промени врз земјоделството, регионите и земјоделските култури кои се најмногу изложени на климатските промени, и беа посочени предлози за преземање на мерки за ублажување на последиците.

          Свое излагање на средбата имаше Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, кој посочи дека климатските промени предизвикуваат сериозни штети врз земјоделското производство, што крајно влијае и врз севкупната економија и за таа цел, Владата го формираше Националниот комитет за климатски промени и интензивно се работи на мерки за ублажување на последиците од климатските промени во земјоделството. „Даваме големо значење на темата климатски промени, бидејќи прво на удар е земјоделството. Наскоро  ќе се објави и меѓународниот тендер за  избор на компанија за услуги за авионско засејување на облаците за превенција од природни непогоди, на што последнава година интензивно се работи. Преку ИПАРД 2  програмата се финансира поставување на  заштитни мрежи и други технологии за прилагодување на земјоделството кон климатските промени, изјави министерот Димковски.

          Освен мерките преку Програмите за директни плаќања и за рурален развој, од исклучително значење е и соработката со ФАО за поддршка за управување со ефективен национален механизам за Зелениот климатски  фонд. УХМР изминатите две години спроведе реконструкција на клучните метеоролошки станици, со цел добивање на навремени и прецизни податоци за временски непогоди. МЗШВ изминатите две години започна неколку крупни капитални инвестиции во водостопанската инфраструктура, што ќе резултираат со зголемување на наводнуваните површини во државата.

          Агенцијата за подттикнување на развојот на земјоделството како национален советодавен сервис на земјоделците во соработка со Мрежата за рурален развој и ЦНВП Фондацијата изминатите 5 години има извршено едукативни советувања, трибини и средби со земјоделските производители на кои им се укажани последиците од климатските промени по земјоделското производство.

          Земјоделството е еден од најчуствителните сектори засегнати од климатските промени, а воедно и најзначаен сегмент за развој и економска стабилност на руралните области во Македонија. Негативните ефекти од климатските промени и појавата на екстремни временски услови кои се карактеризираат со нагли температурни промени, се сериозна закана за борбата за намалување на сиромаштијата  и обезбедување доволно храна за светската популација која е во континуиран пораст и затоа се предвидуваат соодветни мерки за адаптација кон климатските промени.

          Следејки ги временските неприлики и негативни влијанија во растрителното и анималното производство како резултат на климатските промени, земјоделскиот поизводител без разлика во кој регион се наога секогаш треба да биде припремен поради ублажување -адаптација на последиците од таквото невреме кое престои и понатаму ќе се заканува врз развојот на производството.

          Мерките за адаптација кон климатските промени подразбираат мерки за намалување на ранливоста на природните системи и човекот. За правилен избор и ефективна имплементација на мерките за адаптација кон климатските промени, важно е добро да се познава нивниот ефект и условите во кои тие ќе се применат. Постојат бројни активности кои индивидуалните земјоделци можат да  ги применат во различни сегменти од производството. Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството е главен давател на советодавни услуги за земјоделците на национално ниво.  Неколку години наназад се појавуваат критични промени во временските услови кои резултираат со поплави, особено во регионите на Пелагонија и Струмица, додека во истовреме други региони, како што е на пример Овчеполието, страдаат од недостаток на вода. Двата екстрема резултираат со загуби во приносите кои ги погаѓаат малите  земјоделци  и безбедноста на храната, особено во поглед на храната за семејствата како и загуби во приходите на земјоделците. Преку добро развиена мрежа на канцеларии и обучени советници, агенцијата може веднаш да реагира на приоритетните потреби на земјоделците за подобрување на нивното производство и очекуваните резултати, но и минимизирање на климатските влијанија на земјоделските загуби.

          Согледувајќи ги негативните резултати од климатските промени во македонското земјоделство, ова прашање заслужува големо внимание. Досега е креирана стратегија за климатски промени од страна на Владата, но сеуште не е подготвена сеопфатна стратегија која ќе биде во согласност со ЕУ стандардите. Државата го има потпишано и Договорот од Париз во однос на климатските промени, но тој сеуште не е ратификуван и имплементиран. Важноста на ова прашање е потврдена и преку политиките на Европската Унија, која три од деветте идни заеднички земјоделски политики ги посветува токму на оваа тема.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна