Фитосанитарни и агротехнички мерки во современото производство
Фитосанитерните мерки имат за цел да се отстранат сите настанати болести и штетници на растенијата на отворено, во стакленици и пластеници и спречување на ширење на болестите над здравите растенија и растителното производство.
Во оваа група на мерки спаѓат:
-собирање испалување на заразените растителни остатоци
-иситнување и заорување на заразените растителни делови после жетвата или бербата
-перење или добро чистење на машините
-дезинфекција на алатот
-дезинфекција на објектите
-дезинфекција на површините
-дезинфекција на семето, користење на здрав расад, одгледување на отпорни сорти и хибриди и др.
За производството во затворен простот треба да се обрне големо внимание на изнесување и спалување на растителни остатоци (од одстранети заперци или филизи, заразени листови, болни плодови). Во овие мерки спаѓа и уништивање на плевелите околу пластеникот кои можат да претставуват извор на многу голема опасност од зарази и иболувања.