ЧУВАЊЕ (ТРАПЕЊЕ) НА КОМПИРИ

          По бербата компирот треба извесен период 6-7 месеци да се чува за што треба да се обезбедат соодветни услови. Треба да се чува во простории кои се суви, здрави, неоштетени и дезинфецирани. Потребна е оптимална температура и соодветна релативна влажност на воздухот. При несоодветни услови може да дојде до предвремено прортување на клубените и загуби во тежината, оштетување на клубените од гниење и слично.Компирот при чување треба да биде здрав, сув, неоштетен. При бербата да се употребуваат машини кои нема да ја оштетат покорицата на клубените, да се одстранат страи, гнили, оштетени клубени. Треба одделно да се чува семенски од меркантилен компир.

          Чувањето на компирите може да биде во трапови, подруми и постојани складишта. Кај индивидуалните земјоделци компирот се чува во трапови или подруми.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна