ЈАВЕН ОГЛАС за вработување на 1 (едно) лице на определено време

          Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството има потреба за вработување на 1 (едно) лице на определено време до 31.12.2020 година за следното работно место:

          1. Раководител на одделение за внатрешна ревизија со локација на работно место во Битола, 1 извршител.

          Општи услови:

          -да е државјанин на Република Северна Македонија;

          -активно да го користи македонскиот јазик;

          -да е полнолетен;

          -да има општа здраствена способност за работното место и

          -со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

          Посебни услови:

          -ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, економски науки, правни науки, активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

          -најмалку 4 (четири) години работно искуство во струката од кои најмалку 1 (една) година на работно место во јавен сектор, односно најмалку 6 (шест) години работно искуство во струката од кои најмалку 2 (две) години на раководно работно место во приватен сектор.

          -активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)

          -да поседува возачка дозвола од Б категорија.


          Распоред  на работно време:

          Работни часови во неделата: 40,

          Работно време од понеделник до петок од 07:30 – 08:30 до 15:30 – 16:30 часот.

          Паричен нето износ на основната плата : 29.693, 00 денари.


          Кандидатите за работната позиција, потребно е да ги достават следните документи:

          • Доказ за државјанство;
          • Доказ дека не им е изречена забрана на вршење професија, дејност или должност;
          • Доказ за општа здраствена состојба за работното место;
          • Уверение / диплома за завршен степен на образование;
          • Доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
          • Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски јазик);
          • Доказ за работно искуство;
          • Кратка биографија (со задолжителен контакт телефон и адреса);
          • Писмо за мотивација.

          Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 3 работни денови сметано од денот на објавувањето на огласот. Условите наведени во огласот кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

          Пријавата со потребната документација треба да се достави до архивата на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството или по пошта на следнава адреса:

           

          Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството

          Ул. Климент Охридски бб, Пелагонка II 5/3, 7000 Битола

          (со назнака ,,оглас за вработување’’)

          Контакт број 075747874

           

          Ненавремени и некомплетни пријави нема да се разгледуваат.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна