Јагнење на овци
Вовед
Јагнењето на овците е најважниот дел од овчарското производство. Покрај тоа што овците релативно лесно се јагнат, при јагнењето има и загуби, кои може да бидат и до 20%. Најголемите загуби настануваат при јагнењето на младите овци и овците кои носат две или повење јагниња.
Една од главните причини за големата загуба е тоа што околу 80% од овците се јагнат навечер.
За да се намалат загубите, потребни е исполнување на четири услови:
- Да се обезбедат соодветни абмиентални услови за јагнење.
- Да се подготви овцата за јагнење.
- Да се помага на овцата при јагнење.
- Правилно да се постапи со јагнето и овцата после јагнењето.
Амбиентални услови за јагнење
Овцата е полиестрично животно. Ако и обезбедиме оптимални услови на одгледување, потребната храна и здравствена заштита, овцата може да се јагни во текот на цела година.
Просторот за јагнење-родилиште, може да биде одвоен дел во склоп на овчарникот или посебен објект (обично кај големи фарми).
Родилиштето мора биде со добра вентилација, без провев, со доволно светло, простирката мора да биде чиста и сува, температурата би требало да биде околу 10°C. Родилиштето е поделено на боксови за 2 до 3 овци. Исто така треба да има и индивидуални боксови за сместување на овците кои не ги прифаќаат јагнињата.
Подната површина на боксот треба да изнесува 2м² по овца. Прозорите мора да се минимум 10% од површината на подот.
Во боксот мора да има јасли за сено, хранилки за концентрирана храна, сад за вода или поилки.
Објектот наменет за јагнење претходно мора да биде исчистен и дезинфициран, а таванот и ѕидовите варосани.