Нега на компир во заштитен простор

          Негата на компирот во текот на одгледувањето, игра значајна улога за успешно производство.

          Температурата треба секогаш да се одржува во границите на оптималната од  18 – 200С.  При температура на почвата повисока од 20оС  формирањето на клубените е забавено, а на температура од 29-300С  приносот нагло опаѓа, а формирањето на клубените практично прекинува.

          По потреба се врши заштита од плевели пред садењето или  после сеидбата но пред поникнувањето на компирот.

          Окопување или нагрнување се врши најчесто два пати,  со цел да се формират кртолите во зоната околу кореновиот систем,  а исто така да се уништуваат и плевелите.

          Наводнувањето кај нас најчесто се изведува со бразда или со систем капка по капка. Времето и количините на наводнување се одредуват во зависност од структурата на почвата и потрабата на растението од вода и тоа отпочнува порано. После секое наводнување пожелно е да се врши заштита против болести.

           

          2 Одговори на Нега на компир во заштитен простор

          1. kako da znam koga mu e potrebno na kompirot navodnuvanje i kolku pati treba da go navodnuvam.zemjata kade sto mi e nasaden kompirot e pokraj reka i e pesokliva (ziva pesok)

            • Пред се компирот бара почви богати со хранливи материи, со алувијална структура и лесно пропусливи. Ако според прашањето е ( жива песок), потребно е почесто наводнување и прихранување, бидејки песокливите почви се лесно пропусливи и при повисоки температури побзо испарува влажноста од почвата, а тоа што се наога непосредно покрај река потребно е да се знае дали почвата содржи висока или ниска подпочвена влажност поради ориентација за наводнувањето.

          Остави одговор на Leo Minovski Откажи

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна