Отворен ден на Проектот aGROWchain

          Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во рамки на проектот aGROWchain финансиран од Европската Унија во рамките на Интеррег ИПА програмата за погранична соработка „Грција – Република Северна Македонија 2014 -2020“, на 25 мај организираше online настан „Отворен Ден“.

          Ова беше завршна манифестација на проектот „Одржливо менаџирање на агро-отпадот aGROWchain“ на која што беа презентирани сите активности и постигнати резултати на АПРЗ како еден од партнерите во проектот.

          Од името на партнерите во овој проект, на присутните им се обратија директорот на АПРЗ г-дин Елгафар Јусуфи и градоначалникот на Општина Новаци г-дин Љубе Кузмановски.

          Учесници и презентери на постигнатите резултати од страна на проектните партнери беа Златко Сирета проектен менаџер и Весна Илиевска финансиски менаџер од АПРЗ, како и Катерина Чукалевска и Игорче Ристески координатори на проектот од Општина Новаци.

          Настанот директно беше пренесуван на Facebook и на YouTube, a беше наменет за сите земјоделци, претставници на општините, планските региони, останати институции и фирми кои се дел од синџирот, генерираат и користат агро-отпад, земјоделски остатоци, односно биомаса како обновливи горива наменети за затоплување.

          Отворениот ден финализираше со прашања, одговори и плодна дискусија на предметната тематика, помеѓу online присутните и релизаторите на проектот.

          Модератор на настанот беше Д-р Сузана Трајковска – Кочанковска од Фондација Сизигија – Скопје, која што успешно го организираше овој настан.

          Манифестацијата „Отворен ден“ можете да ја проследите на следниот линк 

          Фотогалерија

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна