Спроведување мерки за заштита од доцни пролетни мразeви

          Овошките се често изложени на опасност од доцни пролетни мразeви кои се јавуваат пред, во и после цутањето, при што можат делумно или целосно да ги уништат неотворените и отворените цутови и формираните плодови.

          Мерките на заштита се сведуваат на задоцнување на вегетацијата, односно пролонгирање на почетокот на цутење и спречување  на температурата да не падне  до критичната точка во овоштарникот. Исто така за заштита се користат и помотехнички мерки, како што се одгледување на доцни видови и сорти и користење на бујни подлоги кои го задоцнуваат цутењето, како и избор на локации за садење на овоштарници со местоположба каде што доцни вегетацијата.

          Од агротехнички мерки се препорачуваат варосување на стеблата и дебелите гранки со смеша од 5 кг. негасена вар, 0,5 кг. сол и 0,25 кг. сумпор во прав,  прскање на овошките со разблажени фитохормонски раствори во текот на август и септември   (Alfa – naftil – оцетна киселина во концентрација од 0,02 до 0,08%).

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна