Ѓубрење на виновата лоза со азотни ѓубрива
Азотот е најважниот елемент за формирање на нови клетки во процесот на растење и развој на сите делови од виновата лоза. Утврдено е дека азотот до одредена количина многу поволно влијае на клијавоста на поленот и оплодувањето.Недостигот на азот се манифестира со слабеење на пенушката, мал пораст на ластарите, светло зелена боја на лисјето, паѓање на цветовите и реулавост на гроздовите.
Најголемиот дел од азотот лозата го користи до цветањето и затоа најповолно време за ѓубрење со овој елемент е во рана пролет пред почеток на вегетацијата. До колку има потреба од дополнително – второ ѓубрење со азот, истото се извршува после цветањeто.