20 години Национален советодавен сервис – поддршка на земјоделството и руралниот развој

          По повод одбележувањето на 20 годишнината од постоењето на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и 50 години советодавен  јавен сервис, во Битола се одржа конференција на тема „Советодавниот сервис -едукативно и информативна поддршка на земјоделството и руралниот развој“.

          Конференцијата ја отвори и на присутните им се обрати Директорот на АПРЗ Елгафар Јусуфи.

          • ,,Во насока на модернизација на советодавните услуги кои се обезбедуваат преку АПРЗ, усогласени со заедничката земјоделска политика на ЕУ, неопходно е постојано институционално зајакнување на чинителите во агрокомплексот, со што АПРЗ постојано се препознава и потврдува како Национален советодавен сервис со едикативно-информативна поддршка во земјоделството“.

          Поздравен говор имаше и градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска која истакна дека и е особено драго што се прославува 20 годишен јубилеј на една државна агенција која е сместена надвор од главниот град на РМ, Скопје.

          • ,,Кога пред 20 години, на иницијатива на група тогашни пратеници се изгласа можноста една државна агенција да има седиште надвор од Скопје, се чинеше дека станува збор за револуционерен чекор кој ќе донесе своевидна децентрализација на институциите во земјава. Засега, оваа агенција останува надвор од главниот град во земјава, а конкретно Битола и Пелагонискиот регион имаат голем број придобивки од неа. Општина Битола во рамките на својата територијална застапеност, има голем број рурални населени места, чија примарна дејност е земјоделството“.

          На конференцијата присуствуваа и Државниот секретар во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Нефрус Челику, Ленче Николовска, советник за земјоделство на премиерот во Владата на РМ, директорот на АФПЗРР Николче Бабовски, како и голем број градоначалници од регионот, декани на земјоделски факултети, претставници на Федерацијата на фармери, земјоделци итн.

          На конференцијата беа доделени и благодарници на земјоделци за успешна соработка со АПРЗ и поединци кои дале посебен придонес во развојот.

          Коктелот беше надополнет со домашни традиционални производи, произведени директно на земјоделските стопанства.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна