Oсновачко собрание на комора на органски производители во Република Северна Македонија

          На ден 16.12.2019 година во Куманово се одржа оснивачко собрание на  КОМОРА НА ОРГАНСКИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ. Средбата беше масовно проследена од голем број органски земјоделски производители и преработувачи на органски производи од 8те плански региони.

          Пред присутните се обрати Минстерот за земјоделство шумарство и водостопанство Г-дин. Трајан Димковски кој меѓу другото ја истакна поддршката од МЗШВ и Владата за органското производство  преку мерките од ПРР и ИПАРД 2.

          АПРЗ зеде учество на настанот како советодавна служба која има одлична соработка со органските производители и континуирано дава стручни совети од сите области на земјоделското производство.

          За прв председател на Комората  се избра  долгогодишен производител на органски земјоделски производи Г-дин. Драги Цветковиќ  од Куманово.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна