Sekator во стрните жита

          За сузбивање на поголемиот број широколисни и теснолисни плевели во озими и јари посеви од пченица р’ж и тритикале, се препорачува препаратот Sekator®. Активни материи во препаратот се амидосулфурон и јодосулфурон, а заштитник (“safener”) е мефенпирдиетил.
          Активните материи се системици, со различен начин на дејство и на тој начин Sekator® сигурно и ефикасно ги уништува повеќето широколисни (како што се лепавецот-Galium aparine, паламидата-Cirsium arvens, вртипоп-Anthemis spp, повивка-Polygonum spp, камилица-Matricaria chamomilla, различник-Centaurea cyanus, граорица-Vicia spp., булка-Papaver rhoeas и други) и некои теснолисни плевели. Заштитникот (мефенпир диетилот) игра улога на катализатор поттикнувајќи го разградувањето на хербицидот во житата и со тоа не го попречува нивниот развој, но делува само против плевелите.
          Активните материи делуваат на меристемот во вегетативните врвови, вклучувајќи го и бочниот меристем, и на тој начин го спречува повторниот развој на плевелите, пример лепавецот.

          Еден одговор на Sekator во стрните жита

          1. Sekator® сигурно и ефикасно ги уништува повеќето широколисни (како што се лепавецот-Galium aparine, паламидата-Cirsium arvens, вртипоп-Anthemis spp, повивка-Polygonum spp, камилица-Matricaria chamomilla, различник-Centaurea cyanus, граорица-Vicia spp., булка-Papaver rhoeas и други) и “некои теснолисни плевели”?.
            Само некои теснолисни?
            Ако сакате комплетна заштита на житата и од теснолисни и од широколисни на располагање ви стои препаратот PALLAS 75 WG

            PALLAS 75 WG e post emergence хербицид кој содржи нова активна материја pyroxsulam (75g/kg) во форма на водорастворливи гранули (WG).

          Остави одговор на Ilija Откажи

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна